Четири семејства, едно утро: Насилството во домот стана дневна бројка
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.07.2026
20.07.2026
20.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
За едни е отпад, за други – бизнис со девет цифри. Додека ѓубрето по улиците и депониите останува секојдневна слика, зад контејнерите стои индустрија што годишно врти над 120 милиони евра. И додека парите растат, рециклирањето стои на место – деведесет проценти од собраниот отпад во земјава сè уште завршува на депонија, каде природата и здравјето плаќаат сметка што никаде не се книжи.
Бројките за секторот се впечатливи. Лани компаниите за собирање и обработка на отпад инкасирале 120,2 милиони евра приход. Прометот е за 3,36 отсто помал од претходната година, но добивката пораснала за 7,1 отсто и достигнала 4,6 милиони евра. Сето тоа го одработиле 168 компании, а десетте најприходни зеле речиси 59 отсто од целиот колач.
Листата ја предводи скопското ЈП Комунална хигиена со 23,4 милиони евра – најголемиот играч и носител на јавната услуга во главниот град. Веднаш зад нив се тетовскиот Текнометал, што повеќе од двојно го зголеми приходот на речиси 12 милиони евра, а во првата десетка доминираат токму јавните комунални претпријатија – од Кавадарци и Прилеп до Охрид и депонијата Дрисла.
Пари има, рециклирање – малку
Тука е парадоксот. Индустријата е профитабилна, а системот за управување со отпад заостанува. Во Македонија годишно се создаваат околу 791.000 тони комунален отпад, а се собираат околу 637.000. Од собраното, речиси 90 отсто оди право на депонија – без селекција, без рециклирање, без враќање во економскиот циклус.
Дури и таму каде има напредок, зависиме од други. Од стаклената амбалажа што се пушта на пазарот, преку системот на Пакомак се собираат и рециклираат околу 45 отсто – податок со кој навистина можеме да се пофалиме за држава надвор од ЕУ. Но има квака: речиси целото собрано стакло се носи во фабрики во Бугарија. Ние го собираме, тие го преработуваат – и додадената вредност оди преку граница.
Европската опомена веќе тропа на вратата. Брисел неодамна покрена постапка против Португалија поради неисполнети цели за рециклирање, со можност за финансиски казни. Македонија сè уште не е членка, но случајот е јасен сигнал – со новите цели за 2030 и 2035, ефикасниот систем за отпад повеќе не е избор, туку услов за влез.
Затоа сликата е двојна. Бизнисот со отпад цвета, десетина фирми делат милиони, но самиот отпад во најголем дел завршува закопан. Прашањето за граѓанинот што секое утро го изнесува ѓубрето е едноставно: ако индустријата врти 120 милиони, зошто сè уште живееме опкружени со депонии?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Дизелот +6 денари, бензините +3. Владата намали акцизи да го ублажи ударот - но тоа не значи поевтино гориво, само...
Димитриеска-Кочоска: развоен, не кризен ребаланс, платите и пензиите се сигурни. Фокусот е на капитални инвестиции - но тие Македонија ги...
3,2 милијарди евра, помалку од цената на едно кафе по граѓанин. Проблемот не е сумата, туку правилото - начинот на...
500.000 книги, 3.000 долари по дело, и ниту еден обврзувачки преседан. Најголемата спогодба во историјата на американското авторско право не...
ВИ агентите веќе преговараат и споредуваат цени, но кога дојде време да се плати, машината бара човек. Еден стартап сака...
CBS, MTV, CNN и HBO под еден покрив - и 12 државни обвинители што велат дека тоа е премногу моќ...
Цените скокнаа речиси 30 отсто за неколку недели поради ескалацијата САД-Иран. Стигнува токму додека РКЕ пресметува нови цени, а Мицкоски...
Инспекторатот открил дека продажните цени скокнале 4,56 отсто, а набавните само 2,66. Владата пак седнува со трговците - но апелот...
Дизелот и бензините повторно кон горе, а Собранието задутре гласа кризната состојба да трае до октомври. Мицкоски најавува пониски акцизи...
Актер со Оскар ѝ ја продаде својата ВИ-фирма на компанијата што призна дека веќе 300 нејзини наслови користеле вештачка интелигенција....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе