Студеничани: 35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На помалку од час од Гранада, во една земја што изгледа како да е извадена од друга планета, луѓето со векови живеат под земја – и не би ја смениле таа куќа за ништо. Областа околу Гвадикс е срцето на најголемиот населен пештерски комплекс во Европа: над 15.000 населени пештери, од кои повеќе од 2.000 само во самиот Гвадикс.
Пејзажот настанал пред милиони години, кога ова било дно на древно море. Заробено меѓу планини и исполнето со талог низ пет милиони години, тлото потоа го издлабиле реките – создавајќи драматична земја во сиви, црвеникави и окер тонови, со клисури и гребени како од друг свет. Првите документирани пештерски живеалишта се појавиле кон крајот на 10-от век, по распадот на Кордовскиот калифат, со одбранбени нивоа изградени по техники донесени од берберски платеници од Атлас.
Тоа што денес ги прави овие домови повеќе од туристичка атракција е едноставна физика. Глината одржува внатрешна температура од 18 до 20 степени преку целата година – ладно лето, топла зима, без сметка за струја. Пештерите се отпорни на земјотреси, еколошки одржливи и поевтини од обична куќа. Во „Лас Куевас де Кабила” во Беналуа спиете меѓу рачно издлабени ѕидови, со вградена камена мебел, камин и поглед кон Сиера Невада.
Околината е исто толку неверојатна колку и сместувањето. Видиковците „Крај на светот” кај Беас и Марчал, „Карквас де Марчал” со скаменетиот пејзаж, Гвадикс со катедрала во која се преклопуваат готика, ренесанса и барок, алказаба од 11-от век и остатоци од римски амфитеатар. А во пустината Горафе, „Лос Колораос” чува над 200 долмени – најголемата концентрација во Европа.
Гастрономијата ја раскажува истата приказна за тврда но дарежлива земја: бадеми и праски, сиерски масла, сирења, леб на дрва, печено јаре и вина „Тинтиља де Гранада” од лозја на 1.300 метри височина. Емилио, родум од овој крај, го кажува тоа што ниедна туристичка брошура не може: „Кој ќе проба да живее во пештера, нема да ја замени за ништо.” Можеби затоа што под земја, далеку од шумот, конечно се слуша тишината.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Кралскиот пар вчера влезе во локал што селото само си го врати. Колку такви згради кај нас стојат заклучени и...
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.