Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Осум месеци по пропаѓањето, на патот кон Теферич конечно се појавија камиони и багери. Жител на Теферич објави видео на кое се гледа механизацијата, а дел од улицата е веќе раскопан. Почна порамнувањето и санирањето на свлечиштето од коловозот.
Патот се оштети во февруари и оттогаш е затворен за сообраќај. Тоа се случи само шест месеци откако беше асфалтиран и обновен. Во март следуваше ново, посериозно пропаѓање и одвојување на земјиштето, што ги вознемири и жителите и целата јавност.
Дипломатот Љупчо Арсовски на социјалните мрежи напиша дека Владата се вратила на ветувањето оштетеното парче да се санира во ноември, и додаде: „Механизацијата е веќе активирана“, честитајќи им на Владата, на Александар Николовски и на министерот за сообраќај.
Кој го асфалтира патот што пропадна за шест месеци?
Добро е што се работи. Но едно прашање и понатаму виси над Теферич. Општина Кисела Вода ги нема објавено деталите за последната санација во 2025 година и не одговори на новинарските прашања која фирма ја извршила, кога бил објавен тендерот и кој вршел надзор над проектот. Тие прашања ги поставија и опозициските советници во Советот на Општината – и тие останаа без одговор.
Пат што пропаѓа шест месеци по асфалтирањето отвора прашања и за изведувачот и за надзорот. Сега санацијата ја презема Владата, а името на фирмата што ја направила претходната и понатаму е тајна. Дали некој ќе одговара – или ќе се сеќаваме само на тоа дека „конечно“ се поправи?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Советот на Охрид изгласа поскапа вода до 2029 година и поскапи услуги на „Нискоградба“. Од претпријатијата велат дека е минимално,...
Градоначалникот Камчев набројува проекти, повеќето платени со државни пари и унгарскиот кредит. Колку од долгот на „Комунален сервис“ е вратен,...
Нацрт-закон, седум подзаконски акти и национални планови до 2037 година. Звучи сериозно - но и министерот и евроамбасадорот велат дека...
Општина Центар го менува пилот-проектот по разговорите со МВР и чека потврда. Идејата за пешачко маало е добра - темпото...
Нови жители и во Скопје и во Битола, а градоначалникот зборува за модернизација. Само неколку месеци откако здружение бараше затворање...
Метанот е под контрола, германскиот изведувач е најавен, паркот е нацртан на хартија. Само за луѓето што живеат на самата...
„Гарантирам дека сè ќе реализирам“, вели градоначалникот. Отчетот има бројки за долговите и долг список проекти, од кои дел ги...
Три денари повеќе по кубик, околу 40 денари повеќе на сметката од јануари. Мала сума што доаѓа во лош момент,...
Основана во 1926 година од зоологот Станко Караман, денес со околу 500 животни. Јубилеј со нови огради и покриви, но...
Донација од Зоолошката градина во Белград, со која Битола соработува децении. Мала вест во која институциите од двете страни на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.