140 милиони денари незаконски наплатени( меѓу народот познато украдени )
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Србија повторно чука на вратата на Европската Унија, но овој пат од внатре ѝ спремаат удар. Холандија се подготвува да го блокира отворањето на новата преговарачка фаза – таканаречениот „Кластер 3″ – поради загриженост за владеењето на правото, независноста на судството и човековите права. А бидејќи за секој чекор е потребна согласност од сите 27 членки, доволна е една да каже не.
Причините не се извадени од воздух. Доверлив извештај на Европската комисија укажува на „притисок врз граѓанските организации и новинарите” и „клеветнички кампањи” против оние што бараат реформи. Нема напредок ниту во големите случаи на корупција – вклучително и истрагата за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 луѓе. Тука е и законодавството од јануари, за кое правни експерти велат дека ја поткопува независноста на судството.
И, се разбира, тука е Русија. Додека Украина и Молдавија чекаат на формални преговори, Србија одржува блиски врски со Москва – нешто што дел од Брисел веќе не сака да го игнорира. Холандија не е сама; блокадата ја поддржуваат уште најмалку две членки.
Белград возвраќа со вообичаениот речник. Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ тврди дека „најновите законодавни и институционални чекори го зајакнуваат владеењето на правото”. Министерот за интеграции Немања Старовиќ пожали дека „Србија стои на оваа точка веќе речиси пет години”. Секоја влада што застанала пред европската врата ја знае оваа реченица – вината секогаш е кај другите, никогаш кај огледалото.
За целиот регион, ова е позната и болна слика. Балканот со децении стои во истата чекална, а вратата се отвора само толку колку да не се затвори сосема. Прашањето што ретко го поставуваме гласно е дали проблемот е само во Брисел што ги менува условите, или и во тоа што дома реформите остануваат на хартија додека функционерите бараат кој друг е крив. Европа бара докази, не изјави – а докази се градат дома, не во соопштенија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Белград го приведе уредникот на таблоидот што пред инвазијата објави „Украина ја нападна Русија“. Сега тој вика прогон - но...
Банка што со години губела, па по почетокот на војната во Украина почнала да заработува милиони. Фирма со четворо вработени...
Бошњачки воен командант и поранешна пратеничка од Република Српска биле гости на свадбата на човек кого полицијата го бара од...
Белград да го признае Косово, а тој ќе се залага за евро во 2027 - и уште лик на Чупиќ...
Чупиќ најави избори на 27 декември, помалку министерства и парламент што ќе ја контролира владата. Колку пати Балканот слушнал такви...
Човекот кој повеќе од една деценија ги кроеше правилата во Србија сега однапред го пишува сценариото за сопственото апсење. Дали...
Едрилица од 1931 година, платена со германски репарации и пари од кралот, денес е туристичка атракција во Тиват, а Загреб...
Лани во декември Вучиќ демонстративно го бојкотираше самитот во Брисел. Сега и новиот вршител на должноста претседател на Србија останува...
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Словачкиот премиер ја спореди Србија со Словачка од годините кога самиот беше во опозиција. Колку пати на Балканот правната држава...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.