Студеничани: 35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Дваесет и првиот пакет санкции против Русија беше усвоен на 23 јули, по неколкунеделни преговори. Но приказната не е во тоа што помина – туку во тоа што мораше да се извади за да помине.
Овојпат отпорот не го предводеа Унгарија и Словачка, земјите што со години се етикетираат како „проруски”. Го предводеа Германија, Франција, Италија, Австрија, Грција и Португалија. Шест од најголемите и највлијателните членки бараа изземања или целосно отстранување на мерките што би ги погодиле нивните компании.
Списокот на отстапки
Грција беше подготвена да го блокира целиот пакет поради предложената забрана за превоз на руски течен природен гас кон купувачи надвор од Унијата. Атина бараше заштита за бродарската компанија „Динагас”, чии танкери учествуваат во тој транспорт. Брисел попушти: воведено е изземање што овозможува транзитот да продолжи за претходно склучени договори, под услов количините да не го надминат нивото од 2025 година.
Германија и Португалија ја спречија забраната за увоз на одделни видови руска риба. Берлин ја штитеше преработувачката индустрија што зависи од руската аљаска јатка, Лисабон го бранеше увозот на бакалар, клучен за португалската прехранбена индустрија.
Франција и Италија се спротивставија на построгите визни ограничувања за поранешни припадници на руските сили. Париз и Рим наведоа правни и административни причини, додека северните и балтичките членки оценија дека двете земји всушност го штитат приходот од руските туристи.
Австрија се закани со вето ако не се разгледа одмрзнување на руски имот заради надомест на загубата на „Раифајзен банка” од околу 2,1 милијарда евра. Договорено е барањето на Виена да се разгледува подоцна, надвор од пакетот.
Бугарија издејствува рускиот патријарх Кирил да биде отстранет од списокот на лица предвидени за санкции.
Секој си го зачува своето
Погледнете го списокот како целина. Грција – бродарството. Германија и Португалија – преработката на риба. Франција и Италија – визниот режим и туристите. Австрија – банката. Бугарија – патријархот. Пет различни национални интереси, пет различни изземања, еден пакет што на крајот опфати руски енергетски и финансиски сектор, трговија, крипто-платформи, 41 брод од таканаречената флота во сенка и 218 лица и компании – но без најспорните мерки.
Ова е важно поради една причина. Со години на Балканот се повторува дека Унијата функционира на принцип, а дека проблематични се само оние што не се согласуваат. Овој пакет покажа дека принципот важи додека не удри во нечија фабрика за риба.
Што следува
Според Фајненшел тајмс, европските функционери веќе разгледуваат откажување од праксата да се усвојуваат големи санкциски пакети. Како можна замена се спомнува поединечно проширување на црните листи, бидејќи такви одлуки предизвикуваат помалку судири меѓу членките. Еден европски дипломат оцени дека 21-виот пакет би можел да биде последниот голем пакет во сегашната форма.
Ако тоа се случи, тоа нема да биде техничка промена. Тоа ќе значи дека Унијата се откажала од алатката што најгласно ја рекламираше како доказ за своето единство, затоа што повеќе не може да собере доволно согласност за да ја употреби.
И тука е прашањето што ретко се поставува гласно во Скопје: земјите што со години му објаснуваат на Балканот како изгледа принципиелна надворешна политика, штотуку го покажаа сопствениот праг. Тој праг се вика бродарска компанија, банка и една фабрика за бакалар.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Повикот бил за оштетен мебел на тераса. Армин Џутовиќ починал три дена подоцна. Внатрешната истрага утврди дека прва помош доцнела...
Четворица врвови на ОВК добија 81 година затвор, а Собранието на Албанија веднаш усвои декларација дека пресудата е неправедна. Институцијата...
Судот утврди одговорност за 96 убиени, 303 измачувани и 385 незаконски притворени. Обвинителството бараше 45 години. И Србија и Косово...
Тачи и Красниќи добија по 25 години, Весељи 18, Селими 13. Судот утврди 385 незаконски притворени, 303 мачени и 98...
„Ако е прифатлива за учесниците“ - тоа е целата понуда. Форматот е она што се преговара, не адресата, и за...
Илјадници луѓе шетаа од Ректоратот до изборната комисија, а потписите мораа да се чекаат во ред цел викенд затоа што...
Илјадници луѓе под дигитален часовник и транспарент со порака да бидат прогласени невини. Во среда Хаг кажува која верзија од...
Владејачката листа помина без ниту еден проблем, студентската остана да чека во ред. Никој не забранил ништо - шалтерот едноставно...
Истата фирма што со години испорачуваше муниција на Украина гори по втор пат за месец дена. Седум државни контроли годишно,...
Трет обид за три години, но овој пат потписите дојдоа и од власта. Шест пратеници од владејачката Бошњачка странка најавија...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.