Судење за „Лотарија“: 231 доказ, а досега ниту една порака меѓу Груби и Бајрами
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Уставниот суд со пет гласа „за“ и три „против“ одлучи да не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик со кои се делат парите и медиумскиот простор за платено политичко рекламирање. Правилата остануваат какви што се. А меѓу тројцата што гласаа против е и самиот претседател на Судот, Дарко Костадиновски, кој јавно рече дека тие одредби ги смета за неуставни.
Иницијативите ги поднесоа Левица и Демократи (предметите У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025). Оспорени беа делови од членовите 75-ѓ, 76-д и 78-а – оние според кои државните пари за изборно рекламирање се делат според резултатите од претходните избори. Судот веќе расправаше за истото на 8 јули, но тогаш немаше доволно мнозинство и предметот остана да виси.
„Пресудена работа“
Мнозинството судии се повика на res judicata – пресудена работа. Во 2023 година, по иницијатива на Павле Трајанов, Судот веќе оценил дека освоените гласови се објективен критериум и дека Собранието има право самото да ги уредува правилата за медиумското претставување на партиите. „Некои од судиите останаа конзистентни на претходно заземениот став“, изјави Костадиновски по седницата.
Тој самиот не остана конзистентен со мнозинството, туку со своето издвоено мислење од пред три години. „По мое длабоко убедување, овие законски решенија не создаваат фер и еднакви услови за сите учесници во изборната трка. Плурализмот не завршува со денот на изборите“, рече претседателот на Судот. Уште еден негов аргумент е тешко да се побие: ако меѓу два изборни циклуса се формира нова партија, според сегашниот модел таа практично не може да добие пари и тргнува од многу понеповолна позиција.
Левица тврди дека „пресудената работа“ од 2023 не важи, бидејќи состојбата е друга. Тогаш немало парламентарна партија исклучена од платеното рекламирање. На локалните избори во 2025 година, според Левица, токму таа, со своја пратеничка група, останала без пристап. „Толку од чуварот на Уставот“, реагираше партијата. Дали нова фактичка состојба отвора ново прашање, мнозинството судии не сакаше ни да разгледа.
Правила што ги пишуваат добитниците
Тука е суштината што ниту една одлука не ја менува. Моделот „колку гласови на минатите избори, толку пари на следните“ го пишува Собранието, а тој модел најмногу ги наградува токму најголемите партии во Собранието. Уставниот суд сега им кажа дека тоа е нивно право. Министерството за правда, во меѓувреме, најавува нови разговори со партиите за измени на Изборниот законик, меѓу другото и за појасни правила за платено рекламирање. Прашањето е дали на таа маса некој ќе седне од страната на оние што сè уште немаат глас во Собранието.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Претседателката потсети дека по сите компромиси не се почнати ни преговорите. Известувачот на Европскиот парламент призна „реална доминација на политиката“...
Знамето, Уставот и името се сменети, а ЕУ не е поблиску. Дијагнозата е точна и ќе ја потпишат повеќето граѓани....
Андоновски признава дека немало ни проект, ни студија, ни податок колку мегавати ќе троши објектот. Националниот дата-центар пак се најавува...
На снимката нема сала, нема маса, нема знамиња. Во истата недела Стејт департментот пренасочи 52 милиони долари воена помош од...
Правото на став е неспорно. Проблемот е што кај некои функции линијата меѓу личното и институционалното не ја повлекува носителот,...
Америка нè гледа како близок пријател, вели премиерот. Портфолио од 200 милијарди, шест компании за дата-центри, Чебрен и Галиште. Проверено...
Осум дена покана за заедничко тестирање, па „Пријави ги дилерите“, па кривична пријава за фотографии и реченицата „Си пробал? Те...
Премиерот од Вашингтон бара трето лице на масата за да не биде спорот билатерален. Брисел одговара дека условот останува ист...
Мицкоски од Вашингтон го поставува синџирот: гасовод, струја, дата-центри, вештачка интелигенција. Редоследот на најавите оди обратно од редоследот на градењето.
Марта Кос ги наброја земјите што добиваат временска рамка. Нас нè нема. Останува условот што го знаеме напамет, и очекување...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.