Октомври, а Македонија сè уште гори: 30 пожари за еден ден, пет од нив на депонии и ѓубре
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Стејт департментот покрена истрага против американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл. Според британскиот таблоид „Дејли мејл“, вработените во амбасадата нејзиниот мандат го опишуваат како „чиста тиранија“, а Канцеларијата на генералниот инспектор наводно ја проверува нејзината „потенцијална злоупотреба на опојни средства“, летањето со приватни авиони и хеликоптери, блиските врски со една енергетска и градежна фирма и примањето подароци.
Најсликовитата епизода доаѓа од Миконос. Според изворите на таблоидот, 57-годишната Гилфојл пиела во четири часот наутро и му се јавила на Василис, шефот на обезбедувањето, кој веќе е дедо. Тој, природно, спиел и не одговорил. Барала мраз. Наредниот ден го деградирала. На слична судбина наводно наишле и двајцата нејзини возачи, Петрос и Димитрис – отстранети затоа што не ѝ се допаднал „начинот на кој свртеле лево“, иако обуката ја поминале во САД.
Списокот барања што претходно излезе во јавноста е посебна приказна: бесплатни оброци, врвни вина и кошаркарско игралиште од 58.000 долари во резиденцијата во Атина. На првиот работен ден, според истите извори, во Атина стигнала со приватен авион на еден милијардер. Пред вработените, кои тврдат дека живеат во страв од отказ, наводно повеќепати повторувала: „Направи го тоа или леташ од работа“ – во оригиналот со многу посочен збор.
Сметка од 100.000 долари
Таблоидот не е единствениот извор на проблеми. „Волстрит џурнал“ во среда објави текст според кој Гилфојл од еден донатор на МАГА-движењето барала да ѝ плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, нудејќи му за возврат влијание и пристап до луѓе од кругот на Доналд Трамп. Се споменува и нејзиното дружење со енергетскиот лобист Христос Марафацос.
Гилфојл, поранешна водителка на „Фокс њуз“, ја доби функцијата во Атина набргу откако во 2024 година ја раскина свршувачката со Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот. Не е ни година на функцијата, а нејзиниот персонал, според сите овие извори, ја напушта амбасадата, додека таа во јули била забележана во ексклузивниот клуб Nammos на Миконос, а истиот месец ја посетила и Неделата на модата во Париз. Вработените наводно ја пријавиле и до грчката полиција за „вербално малтретирање“.
Амбасадорот како гувернер
Ништо од ова сè уште не е утврдено, а голем дел доаѓа од таблоид со позната репутација. Но кога истиот правец го потврдуваат и „Волстрит џурнал“ и отворена истрага на Стејт департментот, тешко е сè да се отпише како озборување. „Прашањето е колку уште ќе издржи“, изјавил за британскиот весник извор близок до Трамп.
На Балканот одамна навикнавме американските амбасадори да ги гледаме како нешто повеќе од дипломати. Грција е сојузничка земја, членка на НАТО и ЕУ, а сепак ја доби амбасадорката чие најпознато дело засега е деградирањето на возачи и чувари. Дали Вашингтон испраќа најдобри луѓе во регионот – или оние на кои им должи услуга?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Додека Рубио зборува за „опасен застој“, Украина брои 78 мртви за два дена. Зеленски бара санкции и Starlink, а Белата...
Млада лаборантка во руски институт за чума почина од „воспаление на белите дробови од непозната етиологија“, а 200 луѓе се...
Рутинска проверка дали оружјето е правилно заклучено заврши со двајца мртви службеници, село под блокада и ноќна акција со експлозив....
Единаесет години ја чувала куќата во Белгравија, а додека принцезата ја минувала пандемијата надвор од Лондон, нејзиниот накит почнал да...
Амбасадорите се состануваат без мобилни телефони и разговараат за денот кога диверзија ќе убие граѓани на Унијата. А сè уште...
Причината за смртта е непозната, но руските власти се сигурни дека не станува збор за лабораториска несреќа. Фразата „пневмонија со...
Прв член на кралското семејство што оспорува судска постапка по Чарлс Први во 1649 - а Бакингемската палата соопшти дека...
Почна со жалби за професори што ги нема и училници што се распаѓаат. Стигна до солзавец, гранати и над 6.500...
Нидал Малик Хасан во 2009 година уби 13 невооружени војници во база во Тексас. Сега Пентагон најавува стрелачки строј, а...
215 повредени ученици, над 6.000 уапсени и момче без шака - а Трамп во сето тоа гледа само ислам. Колку...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.