Пет жаришта во една ноќ кај Раец: градоначалникот алармира преку Фејсбук, превентивата пак остана тема за септември
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
OpenAI размислува за тужба против Apple. Според Bloomberg, компанијата на Сем Алтман веќе ангажирала надворешна правна канцеларија која ги мапира опциите – кои не мора да започнат со јавна тужба, ама може да заврши со официјална нота за прекршување на договорот.
Кавгата е стара речиси две години. Партнерството помеѓу двете компании беше објавено на WWDC во јуни 2024 година – ChatGPT интегриран во Siri и во Visual Intelligence функцијата на iPhone. OpenAI очекуваше милијарди долари нови претплатници и одлично место во еден од најкористените мобилни екосистеми во светот. Не се случи.
Според извори блиски до OpenAI, интеграцијата била буквално закопана во менијата на Apple, тешка за пронаоѓање, и приходите од неа далеку под проектираните. Apple, од своја страна, не седи тивко – имаат свои поплаки, вклучително и грижи за приватноста на OpenAI и иритираност од нивниот сè поагресивен влез во хардвер, проект кој го води поранешниот шеф за дизајн на Apple Џони Ајв.
Историјата на Apple со партнери е поучна. Google Maps беше клучна функција на оригиналниот iPhone додека Apple не ја извади во 2012 и не ја замени со сопствениот Apple Maps производ – толку слаб што Тим Кук мораше јавно да се извинува. Adobe Flash ја уништи Стив Џобс со едно отворено писмо во 2010 година. Spotify се борел години со App Store правилата и завршил со фина против Apple од 1,8 милијарди евра од Европската комисија во март 2024.
Иронично, додека OpenAI готви правна акција, Google станува главниот AI инфраструктурен партнер на Apple. Во јануари беше потпишан повеќегодишен договор за Gemini моделите да ја движат следната генерација на Apple Intelligence. Apple плаќа околу 1 милијарда долари годишно. Истиот Google кој беше истеран од iPhone пред 14 години, сега се враќа како најголем партнер. OpenAI, во меѓувреме, оди кон судница.
Прашањето не е дали Apple може да има партнери. Прашањето е дали некој воопшто може да остане партнер на Apple подолго од потребно. Историјата вели: не баш.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
FCC ги затвора вратите за хуманоидни роботи и струјни инвертори, но само за новите. Милионите кинески уреди што веќе се...
Плеерот што ја одгледа MP3 генерацијата се обложува дека носталгијата се наплатува месечно. Новиот Winamp пристигнува во 2027, на пазар...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.