Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога една влада почнува да зборува за тоа како „американскиот народ” ќе има корист од вештачката интелигенција, вреди да се праша кој точно ќе ги држи акциите. Според CNBC, администрацијата на Доналд Трамп преговара за сопственички удел во OpenAI – истиот модел по кој лани државата веќе зеде 10 проценти од производителот на чипови Intel.
Трамп во петокот најави дека разговарал со ВИ-компании за аранжмани каде „пакети би можеле да им се дадат на јавноста, па американскиот народ во суштина станува партнер со компаниите”. Дел од тие акции, тврди CNBC, би одел во таканаречен „Фонд за јавно богатство” што самата OpenAI неодамна го предложи – со идеја приходите да се делат директно на граѓаните.
Звучи дарежливо. Но тука е и ситниот печат: според Bloomberg, извршниот директор Сем Алтман бара државни сопственички удели во големите ВИ-компании уште од почетокот на 2025 година. Со други зборови, иницијативата не дојде од владата што сака да го заштити народот, туку од компанија што бара државата да влезе како партнер. А партнер со државата ретко потоа банкротира.
Идејата неочекувано доби поддршка и од левицата. Сенаторот Берни Сандерс оваа недела предложи еднократен данок од 50 проценти што OpenAI, Anthropic и xAI би го платиле преку пренос на акции, со аргумент дека тоа би ѝ дало на јавноста „директна улога во одредувањето на иднината на оваа технологија”.
Не сите се воодушевени. Дејвид Сакс, поранешен советник на Трамп за ВИ и крипто, предупреди дека ваквиот потег би ја „забрзал спојувањето на корпорацијата и државата кон кое и онака веќе се лизгаме”. А поранешниот вработен во Microsoft, Даре Обасанјо, го кажа гласно тоа што мнозина го мислат: „Темелите веќе се поставуваат за државно спасување на OpenAI.” Прашањето не е дали народот ќе биде партнер – туку кој кого спасува, и со чии пари.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Алекс Карп тврди дека компаниите што градат јазични модели ти ја префрлаат експертизата во својот модел за да ти го...
Норвешки истражувачи најдоа во апликации за смарт-телевизори код што ја претвора домашната линија во тунел за туѓ сообраќај. Кај LG...
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.