МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ: ЗА ТРИ ГОДИНИ ЈАВНИОТ ДОЛГ МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ ЗА 2,55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Дваесет и две држави – меѓу нив и Македонија – испратија заедничко предупредување до Иран. Обвинението е тешко: дека Техеран организира кампања во која ангажира меѓународни и локални криминални банди за да извршува убиства и терористички напади на туѓо тло, низ Европа, Северна Америка и Австралија.
Списокот на потписнички зборува сам за себе – Албанија, Австралија, Белгија, Британија, Бугарија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Ирска, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Македонија, Норвешка, Португалија, Шведска и САД. Кога толку различни земји потпишуваат иста изјава, тоа обично значи дека зад неа стои нешто посериозно од дипломатска љубезност.
Метите, според предупредувањето, не се случајни. На удар се еврејските заедници во Британија, Белгија и Холандија, како и ирански и американски опозициски новинари во егзил. Радикалната група HAYI презеде одговорност за напади со нож врз Евреи и за подметнати пожари во синагоги во северен Лондон. Австралија отиде најдалеку – го протера иранскиот амбасадор и ја затвори својата амбасада во Техеран, откако официјално го обвини Иран дека нарачал антисемитски напади, вклучително пожар во синагога во Мелбурн и во кошер-кафуле во Сиднеј.
„Обидите за убиства, грабнувања, малтретирање, заплашување или какви било други напади врз луѓе на наше тло директно го поткопуваат националниот суверенитет и меѓународните норми. Овие акции мора веднаш да престанат”, се вели во заедничкото соопштение.
Зошто ова е важно токму за нас? Затоа што Македонија не е странична набљудувачка – таа е на списокот на потписнички. Тоа значи дека и нашата држава, барем на хартија, се вброи меѓу оние што му порачаа на Техеран дека нема да затвораат очи. Прашањето што останува е дали зад потписот стои и капацитет да се препознае ваква закана ако некогаш стигне поблиску – бидејќи „на туѓо тло” во глобализиран свет е порастегливо од кога било.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Брз воз удрил во композиција што стоела во дефект, откако контролниот центар им дал на возовите зелено светло. Балканот по...
Синдикатите со месеци предупредувале за дефекти на сигналите и прекумерна работа, а министерот виновникот го бара во контролниот центар. Грешка...
Ниту Нетанјаху, ниту Гади Ајзенкот немаат 61 пратеник. Ликуд останува најголемата партија, но без патека до власт - а арапските...
Осудуван за изнуда, одликуван од Путин, платил дел од свадбата на синот на Трамп. Сега и заеднички лов далеку од...
Двајца Белоруси и еден Украинец под истрага, мети избирани од Русија низ цела Европа и компанија што штотуку потпишала договор...
Дали двајца луѓе на иста возраст можат да стареат со различна брзина? Научниците открија дека дел од одговорот можеби се...
Демократска Република Конго се соочува со најтешката епидемија на ебола во својата историја. Според најновите податоци од 27 октомври 2026...
Флавиу Болсонару, син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонару, според медиумските информации, го напуштил Бразил по изборниот пораз, во време...
Не дошол на семејниот ручек во неделата, а навечер бил пронајден мртов зад Вила Собер. Палатата испрати сочувство, полицијата приведе...
Прв четврти мандат во историјата на Бразил и прва победа на кандидат што бил втор во првиот круг. Династијата Болсонаро...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.