Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Минатиот петок низ Лепенец кај Злокуќани течеше бела пена. Оттаму продолжи во Вардар. Снимките и фотографиите се раширија за неколку часа. Пет дена подоцна – никој не знае кој ја испуштил.
Државниот инспектор за животна средина соопшти дека се земени примероци од отпадните води на повеќе локации во Ѓорче Петров и дека се предадени на акредитирана лабораторија. Од водостопанството потврдија дека примероците сè уште се испитуваат. Резултати нема.
Дронот што ништо не пронајде
Градот Скопје испрати инспекциски служби и дрон. Потоа официјално изјави дека нема надлежност да го утврди сторителот – тоа е работа на Министерството за животна средина и на Државниот инспекторат, кои ветија дека ќе објават сè штом ќе стигнат лабораториските наоди.
Опозициската СДСМ го искористи молкот: „Четири дена откако белата пена течеше од Лепенец во Вардар… што откри Орце по четири дена?” Партијата потсети дека градоначалникот ветил дека со снимките од дронот брзо ќе се дојде до сторител, и дека резултат нема. „Граѓаните заслужуваат одговор. Не дрон. Не уште едно ветување – туку одговор.”
Политичка поента? Секако. Но прашањето стои независно од тоа кој го поставува.
„Ова е екоцид”
Иницијативата „Зелен хуман град” бара затворање на индустрискиот капацитет што ја испуштил пената. Тие го оценија случајот како „уште еден екоцид врз животната средина” и рекоа дека тоа е само последниот во долга низа инциденти што произлегуваат од отсуство на ефективна контрола врз големите индустриски капацитети, кои очигледно можат да загадуваат без страв од санкции.
Бараат целосна анализа со јавно објавени наоди, идентификување и одговорност на сторителите, затворање на загадувачите, построги казни пресметани според годишниот приход на компанијата и крај на порамнувањата со прекршителите.
Од иницијативата го отфрлија објаснувањето дека пената доаѓа од автоперална – таков извор, велат, не може да загади цел речен систем во таков обем.
До викендот пената исчезна
И тоа е делот што најмногу боде. До крајот на неделата белата пена престана да се појавува во реката. Реката се исчисти сама. Загадувањето замина низводно, кон некој друг, а случајот остана без сторител, без хемиски состав и без рок за одговор.
Ако лабораторијата утврди што било во водата, останува второто прашање – од каде дошло. Дотогаш, единствената сигурна работа е дека некој испуштил нешто во река среде град и петтиот ден не му се случило ништо.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Советот на Охрид изгласа поскапа вода до 2029 година и поскапи услуги на „Нискоградба“. Од претпријатијата велат дека е минимално,...
Градоначалникот Камчев набројува проекти, повеќето платени со државни пари и унгарскиот кредит. Колку од долгот на „Комунален сервис“ е вратен,...
Нацрт-закон, седум подзаконски акти и национални планови до 2037 година. Звучи сериозно - но и министерот и евроамбасадорот велат дека...
Општина Центар го менува пилот-проектот по разговорите со МВР и чека потврда. Идејата за пешачко маало е добра - темпото...
Нови жители и во Скопје и во Битола, а градоначалникот зборува за модернизација. Само неколку месеци откако здружение бараше затворање...
Багерите се на свлечиштето, а на социјалните мрежи стигнуваат честитки. Само Кисела Вода сè уште молчи која фирма го правеше...
Метанот е под контрола, германскиот изведувач е најавен, паркот е нацртан на хартија. Само за луѓето што живеат на самата...
„Гарантирам дека сè ќе реализирам“, вели градоначалникот. Отчетот има бројки за долговите и долг список проекти, од кои дел ги...
Три денари повеќе по кубик, околу 40 денари повеќе на сметката од јануари. Мала сума што доаѓа во лош момент,...
Основана во 1926 година од зоологот Станко Караман, денес со околу 500 животни. Јубилеј со нови огради и покриви, но...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.