Прилеп: 37 претреси, сеф со над 50.000 евра и четворица полицајци под сомнение – како „недопирливите“ опстанаа 15 години?
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги достави своите предлози за промени во СДСМ во партиската архива на „Бихаќка“. Документот го однесоа Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски. Барањата, според содржината што излезе во јавноста: оставка од претседателот Венко Филипче, нов конгрес, ново раководство и нов идентитет на партијата.
„На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, напишаа од Платформата, барајќи „во разумен рок“ партијата да ѝ се врати на членството.
Одговорот од раководството стигна експресно и без ракавици. Од СДСМ Платформата ја нарекоа „ЗНАМ 2.0“ – проект за разбивање на опозицијата по примерот на партијата ЗНАМ. Документот бил означен како доверлив, но, велат, содржината веднаш се појавила во медиумите блиски до власта. Според раководството, во него нема антикорупциски мерки, рокови за ЕУ-интеграциите ниту поддршка за Европското обвинителство – само оставка, конгрес и ново лого.
„Партијата не е на продажба и СДСМ не се предава на аванс. За нас СДСМ не вреди 1,6 милиони евра“, порачаа од партијата. Нивниот главен аргумент е аритметика: 17 потписници наспроти над 18.000 членови кои гласале за Филипче.
Препукувањето не застана на писмата. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска, една од потписничките, обвинувајќи ја за спорна набавка на тенкови во вредност од околу 37 милиони евра. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш го повикаа, ако има докази, да ги однесе во обвинителството.
Тука е најголемиот проблем на целата приказна. Ако обвинувањето за тенковите стои, зошто излегува дури сега, во партиска кавга, а не порано, пред обвинител? Ако не стои, зошто се фрла? Најголемата опозициска партија треба да ја држи власта на отчет. Наместо тоа, ѝ нуди материјал – а власта може само да гледа како СДСМ сама си ги брои потписниците.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Брисел го кажа она што сакавме да го слушнеме за идентитетот, а за процесот - она што не сакавме. Муцунски...
Опозицијата тврди дека Македонија ја нема на европскиот патоказ, власта одговара дека тоа е говор на омраза. Во Собранието, после...
Во 2022 година Скопје и Тирана заедно ги отворија преговорите. Сега Тирана се разгледува за забрзано членство, Скопје не е...
Директорот на Националната галерија е разрешен по инспекција, директорот на музејот во Крушево поднесе оставка по „Секси мама“. Случаите се...
Мицкоски вели дека веста е нелогична и дека неговите информации се поинакви. Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, според Политико,...
Билатералните средби со Бугарија не носат ништо, вели министерот, а ЕУ мора директно да помогне. Посредник што е и страна...
Во делегацијата се ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Влен. Во соопштението има програма, но нема ниту збор за темите и очекувањата од...
Премиерот бара ЕУ да седне на масата со Скопје и Софија. Бугарија одговара дека е отворена за дијалог - но...
Премиерот вели дека не се меша во внатрешните работи на СДСМ. Потоа потроши долг одговор токму на нив, на платформата...
Лидерот на СДСМ им се пожали на гостите од Париз за судството, медиумите и гаранциите што Владата ги бара, а...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.