Дваесет и еден пожар за еден ден: рекордот што никој не сакаше да го обори
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
11.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Владимир Путин ја искористи посетата на ракетната крстарица „Варјаг” за порака што не беше упатена до екипажот. Додека ја набљудуваше завршната фаза од вежбите на руската Тихоокеанска флота, тој изјави дека потенцијалот за судир во Пацификот расте.
„Гледаме дека, за жал, потенцијалот за конфликт овде расте. НАТО се инфилтрира овде, се создаваат нови воено-политички блокови, а се распоредуваат или планираат нови системи на вооружување што претставуваат закана и за нашата земја”, рече рускиот претседател.
Формулацијата е позната. Истиот аргумент, со заменети имиња на места, се слуша од Москва од 2014 година наваму: некој друг се приближува, Русија само реагира. Разликата е што овој пат сцената е Пацификот, а не Европа.
Вежбите почнале на 4 август и опфаќаат одбрана на морските граници, островските зони и приморските подрачја на рускиот Далечен Исток. Во водите на Јапонското и Охотското Море и северозападниот Пацифик учествуваат околу 60 бродови, подморници и помошни пловила, 30 авиони, хеликоптери и дронови и повеќе од 13.000 војници.
Тринаесет илјади војници на вежба што се објаснува како одбранбена. Бројката сама по себе кажува во кој правец се движи регионот.
Јапонија, спомената со посебен тон
Најинтересниот дел од изјавата се однесуваше на Токио. Путин нагласи дека Русија не му се заканува на Јапонија и дека нема територијални или други претензии, но веднаш потоа додаде дека Јапонија за првпат во своите најнови воено-доктринарни документи ја навела Русија како еден од главните извори на закана.
„Би сакал да истакнам дека ние не му се закануваме на Јапонија. Немаме апсолутно никакви поплаки”, рече тој.
Реченицата „немаме територијални претензии” изговорена во контекст на односите меѓу Москва и Токио носи своја тежина, бидејќи спорот околу Курилските Острови трае од 1945 година и е причината зошто двете земји сè уште немаат потпишано мировен договор од Втората светска војна.
Путин предупреди и дека Москва забележува обиди на власти во одделни земји да го ограничат движењето на руските бродови, и дека Русија ќе возврати со иста мерка на секој обид за заплена на нејзините трговски бродови, без разлика во кои води ќе се случи тоа.
За крај дојде и понудата: Русија е подготвена за соработка на Арктикот, вклучително и за користење на Северниот морски пат, во согласност со меѓународното поморско право. Повикувањето на меѓународното право во истиот говор во кој се најавува одмазда без оглед на водите е контраст што вреди да се забележи.
Балканот ја знае оваа реторичка форма напамет. Прво се објаснува дека нема намери, потоа се брои бродовите. Разликата е само во тоа колку далеку е морето.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Москва ја нарече заплената на танкери пиратство, па вети дека ќе прави исто. Кога правилата на море ги пишува оној...
Земала 25 евра по победа и чистела гробови за да го издржува семејството. Документот што ѝ го отвораше патот стигнал...
За еден месец агенцијата ја префрли проценката од 800.000 на 1,8 милиони барели дневно недостиг. Истиот извештај предвидува вишок во...
Апелациониот суд одби: постои висока веројатност дека би направил нови дела. Синот на престолонаследничката нема титула, нема апанажа - но...
Единствената земја во светот каде забраната е официјална, со документ. Пет години се речиси цело средно образование - тој период...
Го укинаа со преодна одредба, па воведоа услов скроен така што само тој не го исполнува. Стразбур пресуди дека Унгарија...
Судот во Дамаск го осуди Башар ел Асад на смрт за воени злосторства. Пресуда изречена во отсуство е документ, не...
Унијата го одобри износот, а сѐ уште нема документ за тоа колку паѓа врз секоја членка. Отплатата зависи од репарации...
Осумнаесет години без дипломатски односи и надеж во политички промени што никој не ги прецизира. Замрзнатите конфликти не се решаваат,...
Ликвидиран е човекот што ги знаеше имињата, врските и парите на едната страна во поделена Либија. Осудите пристигнаа веднаш, налогодавачот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.