Мицкоски ја кажа реченицата што Софија не сака да ја слушне: „Имаме билатерален спор“
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен јавно побара од Доналд Трамп да не го прекинува слободниот проток на американски дизел кон Европа. „Во интерес и на САД и на Европа е да имаме што послободен проток на енергија меѓу нашите земји“, изјави Јоргенсен. Предупредувањето доаѓа откако Трамп оваа недела јавно ја поддржа идејата за ограничување на американскиот извоз на дизел, за да ги спушти рекордните цени на горивото во САД.
„Реков: да не извезуваме дизел. Произведуваме многу дизел. Го побарав тоа од моите луѓе“, рече Трамп. Реченица изговорена за домашна публика – но со адреса во Брисел.
„Оваа зима би можела да биде многу, многу лоша за Европа, можеби најлошата што сме ја имале од 2022 година“, предупреди Јоргенсен. Според него, најверојатното сценарио не е физички недостиг на енергенси, туку исклучително високи цени. Европскиот дизел веќе се движи блиску до рекордните нивоа, војната на Блискиот Исток пресече или сериозно отежна дел од традиционалните правци на снабдување, а Русија го ограничи својот извоз на дизел. Резултатот: Европа стана уште позависна од американските рафинерии.
Бројките го објаснуваат стравот. Годинава САД обезбедуваа околу третина од вкупниот европски увоз на дизел од земји надвор од ЕУ, а во август уделот беше уште поголем. Северозападна Европа е особено зависна. Трговците предупредуваат дека американска забрана би била тежок удар, бидејќи Европа би морала да се натпреварува со другите региони за ограничените количини дизел од Индија, Блискиот Исток и други извори.
Во Вашингтон потоа почнаа да пристигнуваат различни пораки. Американскиот министер за енергетика Крис Рајт оцени дека целосна забрана би била прегруб инструмент, кој може да создаде нови проблеми и на американскиот пазар – да ја наруши работата на рафинериите и индиректно да ги крене цените на бензинот и авионското гориво. Белата куќа го демантираше извештајот дека подготвува целосна забрана на извозот на дизел во траење од 90 дена. „Никој не разгледува целосна забрана“, рече Рајт, но потврди дека администрацијата бара начин поголеми количини дизел да останат на американскиот пазар, вклучително и доброволни ограничувања на извозот во договор со рафинериите. За Европа, и самата можност е доволна за нервоза.
Дизелот не е единствениот проблем. Европските цени на природниот гас неодамна го достигнаа највисокото ниво од енергетската криза во 2022 година, а суровата нафта Брент се држи над 100 долари за барел. Европа влегува во зимата со скап гас, рекордно скап дизел и нова неизвесност околу американските испораки. Јоргенсен признава дека долгорочното решение – помала зависност од фосилните горива – не го решава проблемот на оваа зима. „Ако не излеземе од оваа зависност од фосилните горива, можам на сите да им ветам дека ова ќе стане трајна криза“, рече комесарот.
Во 2022 година Европа научи колку чини зависноста од Москва. Дали сега ја учи истата лекција, само со Вашингтон на другата страна од цевката?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Две од трите запаливи направи се запалија, а германските служби во истрагите за саботажи низ Европа проверуваат траги и до...
Девојчиња од десетина години крадеа по метрото и во Дизниленд, а ако донесеа премалку, беа тепани. Шемата ја водело истото...
Американскиот водител тврди дека Украинците се „заложници“ на својот претседател и дека војната трае само благодарение на американските разузнавачи. Во...
Зеленски од говорницата на ООН објави дека двајца севернокорејски заробеници се префрлени во Јужна Кореја, а јужнокорејскиот претседател му одговори...
Пекинг бара Вашингтон не само да не ја поддржува независноста на Тајван, туку отворено да ѝ се спротивстави, додека пакет...
Поларна светлина и снежни шуми за камерите, воздухопловно крило, бригада и регрути во програмата. Фелипе и Летисија не одат во...
Црвен тепих, химни, цвеќе - и два бомбардера B-1 над главите на гостите. Трамп на Си му ги покажа и...
Алтман, Амодеи и Деланг пред ОН рекоа дека вештачката интелигенција може да излезе од човечка контрола. Кога алармот го креваат...
Делси Родригес пред Генералното собрание вети избори во Венецуела, но без датум. Вашингтон бара гласање, но прво економија - а...
Кралот го носеше ковчегот заедно со нејзините пет деца, а политичарот што десет години го водеше НАТО ја кажа реченицата...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.