Skip to content

Набавните цени паднале, продажните останале исти: Разликата не исчезна – ја платија граѓаните преку маржите

1 мин. читање
Сподели
Набавните цени паднале, продажните останале исти: Разликата не исчезна – ја платија граѓаните преку маржите

Владата денес повторно седнува со производителите и дистрибутерите на храна, за да разговара за набавните и продажните цени на основните производи. Средбата доаѓа по инспекциски контроли што потврдија нешто што граѓаните одамна го чувствуваат на каса: цените на полиците не секогаш се движат по логиката на пазарот.

А бројките се јасни. Според Државниот пазарен инспекторат, во периодот од мај 2025 до мај 2026 година просечните набавни цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена пораснале за 2,66 проценти – додека продажните цени скокнале за 4,56 проценти. Разликата не исчезнала во воздух. Таа останала во профитните маржи на дел од трговците.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши го кажа тоа речиси со зборови: кога набавните цени се намалиле, дел од трговците не ги намалиле продажните, туку ги задржале или ги зголемиле своите маржи. На обичен јазик – кога набавната цена паѓа, а цената на полицата останува иста, разликата ја плаќа потрошувачот.

Има и позитивен сигнал во податоците. Најновата анализа за периодот март-јуни 2026 покажува поинаков тренд: набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, а продажните за само 0,16 проценти. Инфлацијата во јуни е намалена за 0,5 проценти, а храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 1,1 процент. Значи, растот на маржите се забавува – но највисоките маржи веќе се вградени во цените изминатата година.

И тука е квчката што ниеден состанок не ја решава со апел. Владата „ги повикува” трговците на општествена одговорност – но општествената одговорност не е ставка во ценовникот. Ако податоците веќе покажуваат каде отишла разликата, прашањето не е дали трговците ќе бидат замолени убаво, туку дали воопшто некој има алатка да ги врати цените таму каде што набавката веќе паднала. Дотогаш, синото кошниче на касата останува најточниот инспектор.