Прилеп: 37 претреси, сеф со над 50.000 евра и четворица полицајци под сомнение – како „недопирливите“ опстанаа 15 години?
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Урсула фон дер Лајен ја заокружи годишната турнеја низ Западен Балкан во Скопје и зад себе остави две пораки. Едната Владата ја чекаше со години. Другата ја слушаме откако во 2022 година почнаа пристапните преговори.
Првата е за идентитетот. „Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата. Затоа што нашето мото е – различност и обединетост – и ние сме мошне сериозни по тоа прашање“, рече претседателката на Европската комисија. Изговорено од шефицата на Комисијата, на прес-конференција во Скопје, тоа тежи повеќе од која било декларација досега.
Втората е за процесот. Според Фон дер Лајен, скринингот е завршен за помалку од една година и сега останува еден клучен чекор за отворање на првиот кластер „Основи“ – уставните измени со кои Бугарите ќе се впишат меѓу заедниците во Уставот. Македонија не е меѓу четирите земји што добиваат патокази со рокови за членство, бидејќи тие, објасни таа, се за државите што веќе отвораат и затвораат поглавја.
„Совет“ за Софија
Најконкретниот резултат од посетата е еден совет. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека од Фон дер Лајен добил предлог министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој следната недела е во Софија на настан за Коридорот 8, да побара билатерална средба со бугарската колешка Велислава Петрова-Чамова. Нотата е испратена, а од Министерството за надворешни работи потврдија дека средбата е официјално побарана.
„Се договоривме да имаме еден прв нов чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот“, рече Фон дер Лајен. Дали на тие разговори ќе има претставник на ЕУ, како што бараше Мицкоски, не прецизираше.
Мицкоски ја повтори позицијата: Скопје не бара ЕУ да заземе страна, туку да помогне за решение во кое „обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања“. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на својата средба со Фон дер Лајен беше поостра: Македонија заслужува да биде меѓу најнапредните, наместо на споредната патека, а не е таму затоа што наметнатиот билатерален спор со Бугарија добил примат пред Копенхашките критериуми.
Пофалба за домашната задача
„Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи“, рече Фон дер Лајен, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни. Мелодијата е позната: пофалба за домашната задача, а клучот од вратата го држи соседот.
Македонија е кандидат за членство од 2005 година. Јазикот и идентитетот сега се добредојдени, барем на прес-конференција. Прашањето е дали овојпат Брисел ќе седи во собата кога ќе се преговара, или повторно ќе чека пред врата да види кој прв ќе попушти.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наместо дебата за тоа зошто опозицијата не расте, во СДСМ се води дебата кој за кого работи. Власта може само...
Опозицијата тврди дека Македонија ја нема на европскиот патоказ, власта одговара дека тоа е говор на омраза. Во Собранието, после...
Во 2022 година Скопје и Тирана заедно ги отворија преговорите. Сега Тирана се разгледува за забрзано членство, Скопје не е...
Директорот на Националната галерија е разрешен по инспекција, директорот на музејот во Крушево поднесе оставка по „Секси мама“. Случаите се...
Мицкоски вели дека веста е нелогична и дека неговите информации се поинакви. Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, според Политико,...
Билатералните средби со Бугарија не носат ништо, вели министерот, а ЕУ мора директно да помогне. Посредник што е и страна...
Во делегацијата се ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Влен. Во соопштението има програма, но нема ниту збор за темите и очекувањата од...
Премиерот бара ЕУ да седне на масата со Скопје и Софија. Бугарија одговара дека е отворена за дијалог - но...
Премиерот вели дека не се меша во внатрешните работи на СДСМ. Потоа потроши долг одговор токму на нив, на платформата...
Лидерот на СДСМ им се пожали на гостите од Париз за судството, медиумите и гаранциите што Владата ги бара, а...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.