Skip to content

ЕУ од 1 јули воведува царина од 3 евра за мали пакети: сметката ја плаќа потрошувачот

1 мин. читање
Сподели
ЕУ од 1 јули воведува царина од 3 евра за мали пакети: сметката ја плаќа потрошувачот

Од 1 јули 2026, Европската Унија воведува привремена царина од 3 евра за пакети со ниска вредност увезени од надвор од Унијата – главно преку онлајн трговија. Мерката се однесува на производи во вредност до 150 евра: облека, играчки, електроника и слични стоки што милиони луѓе ги нарачуваат од азиските платформи.

Целта е јасна – ЕУ сака да го намали поплавувањето на пазарот со евтини пратки од Кина и да ги заштити домашните трговци, кои плаќаат давачки од кои онлајн-гигантите досега беа практично изземени. Тоа е легитимна намера, но сметката, како и обично, на крајот ја плаќа потрошувачот.

За Македонија, која не е во ЕУ, директниот ефект е индиректен но реален – голем дел од нашата онлајн набавка минува низ или зависи од европските правила и логистички патишта. Кога ЕУ менува правила за увоз, бранот стигнува и до нас, обично со задоцнување и без право на глас во носењето на одлуката.