Пожар крај пругата во Прилеп: граѓаните гледаа црн чад над текстилен отпад, „Комуналец“ вели – мал дел, нема опасност
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
04.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во петокот, 2 октомври, во зградата на Академијата на Универзитетот во Лајден, холандскиот крал Вилем-Александер прими пет дебели тома. Во нив околу 60 истражувачи со години ја пишувале историјата што секое кралско семејство најрадо би ја оставило во архивите: улогата на Оранско-Насауската куќа во колонијалното минато на Холандија. Заклучокот не е пријатен. Владетелите, а подоцна и кралевите, колонијализмот и робијата не само што ги толерирале – активно ги поддржувале, вклучително и со согласност за задушување на отпорот.
Студијата ја нарачал самиот крал во 2022 година, а ја водел професорот Херт Остинди. Истражувањето се правело на Универзитетот во Лајден под надзор на независен комитет, по стандардите за научна независност на Холандската организација за научни истражувања. Кралската куќа немала суштинско учество ниту во дизајнот, ниту во изведбата, ниту во формулирањето на резултатите. Истражувачите добиле пристап и до приватните архиви на круната. Тоа е деталот што го прави извештајот тежок: не е учебник напишан однадвор, туку семеен архив отворен однатре.
„Без да признаеме што се случило, не можеме да одиме напред“, рече кралот при примањето на извештајот. „Чувствувам одговорност, пред општеството и пред потомците на поробените луѓе, да ја расветлам улогата што моето семејство ја одиграло во колонијалната историја.“
Најтешката реченица во неговиот говор не беше извинувањето, туку оценката. Вилем-Александер призна дека во претходните векови владетелите и кралевите го поддржувале колонијалниот систем, „вклучително и експлоатацијата и насилството“, и дека во тој поглед биле „деца на своето време“. Но веднаш додаде дека тоа не ја намалува тежината на заклучокот дека недостигало „дисидентско водство“ – некој на престолот што би рекол не, и што можел да направи разлика. „Тоа е трогателен и потресен заклучок. Заклучок што ми допира до душата, иако припаѓам на три генерации подоцна.“
Ова не му е прво извинување. Кралот веќе побара прошка за робијата и злоупотребите во колониите во 2023 година, на годишнината од укинувањето на робијата во кралството, а потоа и во 2025 година, при посетата на Суринам. Новото е тоа што сега признанието има фусноти, архивски сигнатури и пет тома. Самиот потсети дека посветеноста кон постколонијалните заедници почнала дури со неговата баба, кралицата Јулијана, и со мајка му, принцезата Беатрикс.
„Има многумина што нè гледаат сега и што во 2026 година сè уште го чувствуваат долготрајното влијание на историјата на робијата и го носат тој бол. Длабоко се чувствувам поврзан со нив“, рече тој. „Не можам да го сменам минатото, но можам, колку што е во моја моќ, да придонесам позитивно за сегашноста и иднината.“ Дискриминацијата и економската експлоатација, според него, „за жал, се вообичаена појава“ и денес.
Говорот заврши со ветување – заедно со кралицата Максима, рече, останува посветен на „поврзување, лекување и помирување“. Дали тоа ветување ќе добие и конкретна содржина, останува да се види. Зборовите се најевтиниот дел од секое покајание; она што следи по нив е вистинскиот тест.
Балканот историјата на империите ја знае од другата страна – од страната на поданиците. Затоа овој чин вреди да се забележи: една кралска куќа нарачала истражување на сопствените архиви и потоа јавно ги прочитала резултатите, иако ги обвинуваат нејзините предци. Колку држави и династии што со векови владееле со туѓи народи би се осмелиле на истото?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Погрешен турнир, војна во која „решил да оди понатаму“, анкети што се „лажни“ и совет да се прашаат двајца мртви...
Суспендиран поради екстремистички ставови, а потоа пилот кај уште две авиокомпании. Пет илјади метри пад за две минути и двајца...
Порака за засолниште на телефоните, ловци во воздух, затворен аеродром, а на крајот никој ништо не најде. Така изгледа нервозата...
Нафтата денес е 67% поскапа во однос на периодот пред војната со Иран, тој удар постепено се пренесува низ целата...
Со децении Франција се поставуваше како еден од гласните светски бранители на демократијата, човековите права и правото на протест. Од...
Вашингтон размислува да го запре извозот на дизел неколку недели пред изборите за Конгрес, а од Европа бара веднаш да...
Со години се претставувал како семеен човек што ужива во скијање и долги тури со мотор. Според истрагата, токму тој...
Плакати што никој официјално не ги потврдил, фотографија со натпис „Подрачје на Нарва. 2026“ и брод запрен во Финскиот Залив....
Зградата била празна и во реконструкција, а огнот зафатил околу 2.000 квадратни метри. Врска со говорот на Путин нема, но...
Шеесетина истражувачи, пет тома и пристап до приватните архиви на Круната - за една реченица што ретко која кралска куќа...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.