Прилеп: 37 претреси, сеф со над 50.000 евра и четворица полицајци под сомнение – како „недопирливите“ опстанаа 15 години?
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во петокот, 2 октомври, во зградата на Академијата на Универзитетот во Лајден, холандскиот крал Вилем-Александар прими нешто што ретко кој монарх би го нарачал за себе: пет дебели тома за улогата на сопствената династија, Оранско-Насауската куќа, во колонијалната историја на Холандија. Главниот истражувач, професорот Герт Остинди, му ги предаде резултатите од работата на околу 60 истражувачи. Студијата ја побарал самиот крал уште во 2022 година.
Палатата инсистира дека се држела настрана. Истражувањето го водел независен комитет, според стандардите на Холандската организација за научни истражувања, а Кралскиот двор, според официјалната верзија, немал суштинско учество ни во дизајнот, ни во изведбата, ни во формулирањето на заклучоците. Истражувачите добиле пристап и до приватните архиви на Круната. Токму тоа е деталот што вреди да се подвлече: семеен архив на владејачка куќа, отворен за туѓи очи.
Заклучокот е јасен и кралот го прочита гласно: колонијализмот и ропството имале „активна поддршка од владетелите, а подоцна и од кралевите“, вклучително и нивна согласност за задушување на отпорот. „Без да признаеме што се случило, не можеме да одиме напред“, рече Вилем-Александар. „Чувствувам одговорност, пред општеството и пред потомците на поробените луѓе, да ја расчистам улогата што моето семејство ја имало во колонијалната историја.“
Потоа дојде реченицата што ги отвори насловите. Кралот рече дека неговите предци биле „деца на своето време“, кога такви биле преовладувачките ставови и во Холандија и низ цела Европа. Но додаде дека тоа не ја намалува тежината на констатацијата дека недостасувало „дисидентско лидерство“, кое можело да направи разлика. „Тоа е трогателен и потресувачки заклучок. Заклучок што ми допира до душата, иако припаѓам на три генерации подоцна.“
Ова не му е прво извинување. Вилем-Александар веќе се извини за ропството во 2023 година, на 150-годишнината од неговото укинување во кралството, и повторно во 2025, при посетата на Суринам. Посветеноста кон постколонијалните заедници, како што сам призна, започнала дури со неговата баба, кралицата Јулијана, и со мајка му, принцезата Беатрикс. Со други зборови – со векови пред тоа, круната стоела на погрешната страна.
„Не можам да го сменам минатото, но можам, колку што е во моја моќ, позитивно да придонесам за сегашноста и иднината“, рече тој. Додаде дека последиците од колонијализмот и ропството сè уште се чувствуваат во општеството, а дискриминацијата и економската експлоатација се, за жал, нешто вообичаено. Заедно со кралицата Максима, вети, ќе продолжи да работи на „поврзување, лекување и помирување“.
Може да се биде циничен: извинувањето од палата чини малку, а ниту еден том не им враќа ништо на потомците на поробените. Но редоследот вреди внимание. Прво независна наука, па отворени семејни архиви, па дури тогаш збор од круната. Колку институции на Балканот, кралски или републикански, би се осмелиле на истиот тест со сопственото минато?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Вашингтон размислува да го запре извозот на дизел неколку недели пред изборите за Конгрес, а од Европа бара веднаш да...
Со години се претставувал како семеен човек што ужива во скијање и долги тури со мотор. Според истрагата, токму тој...
Плакати што никој официјално не ги потврдил, фотографија со натпис „Подрачје на Нарва. 2026“ и брод запрен во Финскиот Залив....
Зградата била празна и во реконструкција, а огнот зафатил околу 2.000 квадратни метри. Врска со говорот на Путин нема, но...
САД извезуваат меѓу 1,2 и 1,5 милиони барели дизел дневно, а Вашингтон размислува да ја затвори славината. Цените во Европа...
Речиси половина од децата бегалци во светот лани останале без училница, а големите донатори, меѓу нив и Германија, ги кратат...
Две дози, срце што не престанало да чука и завеса спуштена двапати. Од Македонија, каде смртна казна нема од 1991...
Четири години затвор за триесетина дела, меѓу кои две силувања, а одбраната соопштува дека е „мотивиран да работи“. Посинокот на...
Лет од Дубаи со 174 луѓе, нож во пилотската кабина и авион што нагло губи висина. Понирањето го запре водоинсталатер...
Државата што се подготвуваше прв пат по повеќе од 200 години да погуби жена ја однесе осудената од комората за...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.