Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Никој не може точно да каже колку дрвја паднаа низ Скопје во невремето со ветер од над 130 километри на час. Првичната информација од МВР зборуваше за 189 паднати стебла. Според проценките на терен, бројката е значително поголема – околу 80 паднаа само на гробиштата „Бутел“, стотици низ Карпош и Аеродром, голем број во Градскиот парк. Сега, откако пилите завршија, се појави прашањето каде оди сето тоа дрво.
Од Град Скопје дадоа конкретен одговор, што само по себе е вест. Паднатите листови, ситните гранки и растителниот отпад се транспортираат до депонијата „Дрисла“. Поголемите стебла и дрвната маса се пренесуваат во ЈП „Паркови и зеленило“, каде се складираат и се подготвуваат за понатамошна намена – планирано е од нив да се изработуваат летниковци за Водно, урбана опрема, клупи и огради.
Останатата дрвна маса, според воспоставената практика, ќе им биде доделена на социјално ранливи семејства како огревно дрво, во соработка со Црвениот крст и со хуманитарната организација „Св. Спас“. Значи стеблата што ги скршија автомобилите во јули ќе греат нечиј дом во јануари.
Ова е ретка ситуација во која администрацијата ја заврши работата на разумен начин: наместо тони дрвна маса да завршат како отпад, дел станува клупа во парк, дел станува огрев за семејство што нема да мора да го купи. Логиката е толку едноставна што вреди да се запраша зошто воопшто требало да се објаснува – и зошто на јавноста ѝ требаше прашање до Градот за да дознае каде одат камионите.
Расчистувањето сè уште не е завршено. И четири дена по невремето, на повеќе локации лежат стебла, бидејќи работата се одвива по приоритет – прво се тргнаа оние што ги блокираа улиците и претставуваа опасност. Јавните претпријатија со постојната механизација и луѓе едноставно не постигнуваат побрзо.
Ураганот, за среќа, помина без човечки жртви. Остана материјална штета, смачкани автомобили и уништени гробови, за кои сè уште не се знае на кој начин ќе се исплаќаат штети. Тоа е следното прашање, и на него нема да одговори ниту една пила.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Советот на Охрид изгласа поскапа вода до 2029 година и поскапи услуги на „Нискоградба“. Од претпријатијата велат дека е минимално,...
Градоначалникот Камчев набројува проекти, повеќето платени со државни пари и унгарскиот кредит. Колку од долгот на „Комунален сервис“ е вратен,...
Нацрт-закон, седум подзаконски акти и национални планови до 2037 година. Звучи сериозно - но и министерот и евроамбасадорот велат дека...
Општина Центар го менува пилот-проектот по разговорите со МВР и чека потврда. Идејата за пешачко маало е добра - темпото...
Нови жители и во Скопје и во Битола, а градоначалникот зборува за модернизација. Само неколку месеци откако здружение бараше затворање...
Багерите се на свлечиштето, а на социјалните мрежи стигнуваат честитки. Само Кисела Вода сè уште молчи која фирма го правеше...
Метанот е под контрола, германскиот изведувач е најавен, паркот е нацртан на хартија. Само за луѓето што живеат на самата...
„Гарантирам дека сè ќе реализирам“, вели градоначалникот. Отчетот има бројки за долговите и долг список проекти, од кои дел ги...
Три денари повеќе по кубик, околу 40 денари повеќе на сметката од јануари. Мала сума што доаѓа во лош момент,...
Основана во 1926 година од зоологот Станко Караман, денес со околу 500 животни. Јубилеј со нови огради и покриви, но...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.