Ветрот што нè погоди имал јачина на ураган: 130 на час во Скопје, а градот падна при првиот удар
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
22.07.2026
21.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Секое лето истата приказна: сонцето прави што сака, а земјава гори на неколку фронта истовремено. Само за еден ден Центарот за управување со кризи регистрираше цела низа пожари на отворено низ државата – и не станува збор за некаква климатска изненада, туку за сезона што ја знаеме однапред, но за која никогаш не сме подготвени.
Активни жаришта горат кај Желино, каде пламенот зафати ниска вегетација, потоа кај патарината према Гостивар на територија на општина Боговиње, и во Крива Паланка, на локалитетот „Думачка Маала”, каде огнот проголта ниска вегетација и багремови насади. Некои беа локализирани – едно кај струмичкото Просениково каде горело ѓубре, друго во атарот на Старо Нагоричане.
Ниска вегетација, суви ливади, ѓубре оставено да тлее – тоа е горивото. Доволна е една искра, отфрлена цигара или запалена депонија, и пожарот тргнува. Прашањето не е зошто гори, туку зошто секое лето сме затекнати како за прв пат.
Противпожарната служба во земјава со години работи со стар возен парк, недоволно луѓе и буџети што се кроат откако ќе гори, а не пред тоа. Кога истовремено горат три-четири локации на различни краишта, се гледа колку тенка е линијата меѓу контролиран пожар и катастрофа.
ЦУК ги брои жариштата, екипите ги гаснат, а следниот жежок ден пак ќе донесе нов список. Превенцијата – чистење на суви површини, забрана за палење ѓубре, казни за небрежност – останува тема за која се зборува дури откако чадот ќе се крене. До кога?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Државната метеоролошка управа го кажа она што секој со стомак веќе го знаеше: 134 километри на час во Штип. Над...
Три пожарникарски екипи ја вадеа од метал што повеќе не наликуваше на возило. Заврши со лесни повреди и олеснување -...
Во два одделни обиди за криумчарење на југот, приказната е иста - возило со лажни таблички и возач што бега...
Пациенти преместени од ортопедија поради протекување. Во Пробиштип товарот се префрла на граѓаните: рок до 24 јули и цела папка...
Дивоградби, недограден колектор, платформи во самото езеро - секоја препорака стои необработена. Левица прашува: што ќе се промени за уште...
Институтот за јавно здравје: водата е безбедна, но отпадот сè уште завршува во септички јами. Охрид и Дојран во потешка...
Кога соседи и држави во војна нè престигнуваат, прашањето кој е виновен веќе не е реторичко. Единственото поглавје што стои...
Не е доволно да се најде кој ги поставил пумпите. Прашањето е кој требаше да го забележи ризикот, а не...
Тројца раководители од Комуналец приведени, забраната останува. Но додека полицијата апси, министерот веќе гради ѕид околу својата институција. Кој е...
Голема штета на кровната конструкција, скршени прозорци. Базенот требаше да работи цело лето. Ветер од 130 на час не бира...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе