Skip to content

Протече тајната нота за обезбедувањето на Мицкоски во Бугарија: огради колку сакаш, протекот е факт

1 мин. читање
Сподели
Протече тајната нота за обезбедувањето на Мицкоски во Бугарија: огради колку сакаш, протекот е факт

Еден протечен дипломатски документ отвори прашање што не се однесува на „далечното минато”, како што се обидуваат да го прикажат – туку на безбедноста на едно семејство и на тоа кој ги чува тајните во дипломатијата. Станува збор за вербална нота поврзана со јануарската посета на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство на скијачкиот центар Пампорово во Бугарија.

Документот, испратен од македонската амбасада во Софија до бугарското МНР, содржел чувствителни безбедносни детали – имиња на обезбедувањето, возила, комуникациски уреди и оружје што го носеле. Со други зборови, токму она што никогаш не смее да излезе во јавност, бидејќи открива како се штити еден премиер.

Бугарското Министерство за надворешни работи се огради, тврдејќи дека документот не потекнува од нив и дека се работи за настани што „поминале одамна”. Истовремено нагласија дека ѝ придаваат „големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција”. Но фактот останува неудобен: нотата можела да протече или од македонската амбасада или од бугарското МНР – трета опција нема.

Тука почнува вистинскиот проблем. Кога безбедносни податоци за премиер протекуваат меѓу две држави што и онака имаат затегнати односи, прашањето „чија вина е” е помалку важно од прашањето „кој сега има пристап до тие информации”. Наместо взаемно префрлање топка, граѓаните заслужуваат одговор: како се случило ова, и што се менува за да не се повтори? Огради колку сакаш – протечениот документ останува протечен.