Државна лотарија: две апсења за проневера од 80 милиони денари, а главниот сведок на судот ја смени приказната
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Европските влади, од Рејкјавик до Хаг, почнуваат да се подготвуваат за нешто што до неодамна беше сценарио за холивудски филм. Длабоко во северниот Атлантик работи огромен систем од морски струи познат како AMOC – Атлантска меридионална циркулација на превртување. Тој носи топла тропска вода кон север и ја штити Европа од смрзнување. Поради постојаното испуштање стакленички гасови, оваа океанска топлинска пумпа слабее – и постои ризик целосно да запре.
Колку е важна, најлесно се гледа на картата. Париз нема студени зими како Отава, иако францускиот главен град лежи малку посеверно. Исланд и северноевропските земји немаат сибирска клима. Механизмот е едноставен: во северниот Атлантик студената и солена вода тоне во длабочините и ја влече потоплата вода кон север. Но како што се топи гренландскиот ледник и како што обилните дождови внесуваат сè повеќе слатка вода, морето станува потопло и помалку солено, значи и помалку густо. Таквата вода потешко тоне, а циркулацијата слабее. Послабите струи носат помалку сол на север, водата дополнително се разредува – и кругот се затвора.
Областа со невообичаено студена вода јужно од Гренланд, која научниците ја нарекоа „студена дамка“, ја засилува стравувањето дека забавувањето веќе е во тек. Други истражувачи ги анализираа климатските модели и температурните записи на морето, а нивните заклучоци упатуваат дека колапсот може да дојде порано отколку што се предвидувало.
Владите повеќе не чекаат
Исланд го прогласи колапсот на AMOC за ризик по националната безбедност. Холандија истражува што би значело забавувањето за нејзината одбрана од морето, Финска ги проценува можните последици, а Велика Британија вложува 81 милион фунти (94 милиони евра) во истражувачка програма за систем за рано предупредување. За заканата почнаа да разговараат и нордиските министри. Загриженоста стигна и до Брисел, каде што европската комесарка за зелена транзиција Тереса Рибера минатата година предложи AMOC да се вброи меѓу клучните поими поврзани со националната безбедност во Европа.
„Би било неодговорно да чекаме апсолутна сигурност пред да почнеме со подготовките. Затоа што, откако последиците ќе станат непобитни, може да биде предоцна да ги спречиме“, изјави исландскиот министер за клима Јохан Паул Јохансон. „Овде не станува збор за паника или ширење страв. Тоа е едноставно одговорно управување.“
Што кажуваат студиите
Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) во 2023 година заклучи дека е „многу веројатно AMOC да ослабне во текот на 21 век“ – за 24 до 39 отсто во однос на прединдустриското ниво. Панелот со „средно ниво на доверба“ процени дека нагол колапс не се очекува пред 2100 година. Подоцнежните истражувања се поалармантни. Две неодамнешни студии ја сместија точката на превртување околу средината на овој век. Трета заклучила дека колапсот пред крајот на векот е поверојатен отколку не, дури и ако се намалат емисиите. Според четврта, ризикот од гаснење е околу 25 отсто и при благо затоплување. Има и спротивен глас: еден неодамнешен труд смета дека целосен колапс во овој век е малку веројатен.
Научниците сè уште не знаат каде точно е прагот по кој колапсот станува неизбежен, ниту колку сме блиску до него. Проценките се движат од 1,4 степени Целзиусови над прединдустриското ниво – што е затоплувањето што светот токму го достигна – па сè до 8 степени. Посебна загриженост предизвикува субполарниот вртлог јужно од Гренланд, кој може да престане да ја меша водата уште во 2040-тите. „Тешко е да се каже кога точно, но сметам дека постои значителен ризик тоа да се случи во следните 20 години“, вели Свинда Фалкена од Универзитетот во Утрехт. „Тоа значи дека планирањето мора да почне веднаш.“
Европа по колапсот
Сликата што научниците ја опишуваат е драматична, иако не е филмот „Денот потоа“ – нема докази дека е можно толку брзо замрзнување. Зимите би донеле силни бури, арктичкиот мраз би се спуштил кон Шкотска и нордиските фјордови, а на Балтичкото Море би требале ледоломци. Студените бранови би можеле да ги спуштат температурите до минус 20 во Холандија и минус 40 во Скандинавија. Нивото на морето долж делови од северниот Атлантик би се кренало за дополнителни половина метар. Сушата во Западна Африка би можела да ги натера мигрантите на север, бидејќи тропскиот дождовен појас би се поместил кон југ. Според еден труд, површината погодна за одгледување земјоделски култури во Велика Британија би паднала од денешните 32 на само 7 отсто.
Иронијата е во инструментите. Единственото што директно покажува како се менува AMOC се мерните уреди расфрлани низ Атлантикот, а најдолгата програма, RAPID, има само 20 години податоци. Голем дел од мрежата се финансира со краткорочни грантови, од кои некои истекуваат во 2028 година. Администрацијата на Доналд Трамп на почетокот на годинава одлучи да го скрати финансирањето и да отстрани мерни бови, но ја повлече одлуката по силните реакции. Континентот се подготвува за катастрофа, а термометарот му виси на договор што истекува.
Балканот не лежи на Атлантикот и ниту една од овие студии не ја спомнува Македонија. Но Исланд прави национална проценка на ризик за нешто што можеби ќе се случи дури по 2100 година. Колку институции во регионов имаат сериозен план за следната суша или следниот поплавен бран? „Неизвесноста не е причина за неактивност. Таа е причина за подобро управување со ризиците“, вели Валид Уеслати, раководител на одделот за клима во OECD.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Oman Air му забранил да лета поради екстремистички ставови, а Flydubai го вработил и го ставил во кокпит на лет...
Братот на кралот, уапсен на својот 66-ти роденден поради врските со Епстин, бара суд да провери дали полицијата смеела да...
Европските дипломати тоа го нарекоа уцена, а потоа за еден ден попуштија. Ако Берлин и Париз се кршат на неколку...
Официјалната верзија вели дека сè почнало со скршена епрувета. Познат руски епидемиолог ја нарекува смешна, а три болници и едно...
Додека Вашингтон и Москва зборуваат за територии и примирје, на масата лежи и пакет рафинерии - вклучително и во соседна...
Погрешен турнир, војна во која „решил да оди понатаму“, анкети што се „лажни“ и совет да се прашаат двајца мртви...
Суспендиран поради екстремистички ставови, а потоа пилот кај уште две авиокомпании. Пет илјади метри пад за две минути и двајца...
Порака за засолниште на телефоните, ловци во воздух, затворен аеродром, а на крајот никој ништо не најде. Така изгледа нервозата...
Околу 60 истражувачи, отворени семејни архиви и една непријатна вистина: Оранската династија робијата не само што ја толерирала, туку активно...
Нафтата денес е 67% поскапа во однос на периодот пред војната со Иран, тој удар постепено се пренесува низ целата...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.