Дојдоа со тротинети, ги потпалија дуќаните и си заминаа: Пожарот во Шуто Оризари траел три часа, подметнувањето педесет секунди
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
11.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
11.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
13.09.2026
12.09.2026
11.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Информативната табла на влезот на Скопје – онаа со фотоколажот и натписот „Добре дојдовте во Скопје / Welcome to Skopje” – повторно е предмет на политичка расправа. Овојпат не поради коњот со пет нозе што претходно ја направи сликата за потсмев, туку поради нешто што недостасува: албанскиот јазик.
Од ДУИ обвинуваат дека Град Скопје во само еден ден двапати ја прекршил законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје, потсетуваат, е двојазичен град, а неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот да го користат во официјалната комуникација – а таблата на влезот стои само на македонски и на англиски.
Но главната стрела на опозицијата не оди кон градот, туку кон една институција што, велат, треба да реагира, а молчи: Инспекторатот за употреба на јазиците. „Оваа институција е формирана токму за да ги утврдува прекршувањата и да изрекува мерки. Во нејзиното создавање се вложени години работа, кадар и обуки”, велат од ДУИ – и бараат итна оставка на директорот, кадар на партијата Влен.
Според опозицијата, молкот на Инспекторатот директно ги охрабрува прекршителите и го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика. Затоа покрај оставка бараат и правна одговорност за сите што го прекршиле Законот за употреба на јазиците.
Зад партиското препукување стои прашање што ги надминува дневните соопштенија. Инспекторат постои, закон постои, обврска постои – но ако институцијата основана да го спроведува законот молчи кога законот се крши највидливо, на таблата на самиот влез на градот, тогаш за што служи? Табла може да се смени за еден ден, како што билбордот со коњот беше сменет по критиките. Институција што не постапува е потежок проблем, и не се поправа со нов печат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет негации во една реченица, раст на пензиите „16 пати поголем“ без ниту еден податок покрај него, и трета година...
Едните чекаат допис, вторите чекаат друга комисија, третите чекаат согласност. Во истите девет месеци Врховниот суд укина една пресуда, а...
Претседателот на комисијата вели дека таа само проверувала дали документите се комплетни. Јавниот повик вели нешто сосема друго - а...
Тројца кандидати, двајца правници, еден од нив вработен во општината за која се кандидира. Реченицата за „обединување на прогресивните сили“...
Луѓе седат во затвор врз основа на пресуди што повеќе не постојат, затоа што писменото образложение сè уште не е...
Владата вели дека прославата не ги чинела граѓаните ништо од буџетот. Но претседателот на комисијата што ја оцени единствената понуда...
Владата ја задолжи Лотаријата на 28 април, два дена подоцна излезе оглас со рок од пет дена, се јави еден...
Опозицијата процени најмалку милион евра само за настапот на Дејвид Гета и до пет милиони вкупно. Владата може да ги...
Груби пред судот кратко рече „Не“. Обвинителството ја зголеми штетата за милион и половина евра, но ја смени квалификацијата од...
СДСМ вели дека околу 250 деца со попреченост ја почнале годината без асистент. МОН вели дека се ангажирани рекордни 1.524....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.